пристаниште ср.
пристаништен прид.

пристаниште (ср.)

Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Семејството и искреното пријателство со Татко остануваа последните пристаништа на неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човекот се оттурна со веслото од пристаништето и сосем се сврте.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Рекол дека е во прашање мала одмазда на месното население во врска со неодговорното однесување на една група Белогардејци од претходниот брод која, речиси без причина направила некои штети во пристаништето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не, и ако отидеш кога узреат маслините и од глувото пристаниште првиот кораб крене, ако сетиш некогаш во бурјанот на годините како се исчезнува и полека вене.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Мегалоновите бродови ги разнесуваа маслинките и зејтинот што се правеше од нив по сите светски пристаништа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пристаништето вриеше од војници со кафеави ковчези.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Владетелите на оние градови кои граничеле со вода, потплатувале бродари да ги соберат лудите, и така бродовите пловеле со несреќниците врзани на палубите, кои ако ги преживееле жедта и гладта, ако не биле покосени од ветерот и студот, биле тајно истоварувани на првото пристаниште, а ако тоа не било можно, ги исфрлале на некое ненаселено копно, или ги фрлале во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се запленуваа на јуриш бродови на пристаништата за да се мине преку морето, да се стигне до Западна Европа и продолжи подалеку, преку океаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред нас високи згради и зад нив се извишуваат крановите на пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Десет и дванаесет катници и повисоки – тоа е новиот лик на градот во најблиската околина на пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби е некаков лудак (во градот ги има низ пристаништето и кафеаните).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Малку ли му се текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, малку ли му е заработувачката од дејноста што му ја овозможивме да влечка жени од Солунското пристаниште до кај нас, па уште и со статус на шеф на транзитната служба? – началникот си земаше слобода гласно да говори во мое присуство, очигледно свесен за тежината на проблемот од ваквата инволвираност на Гркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во пресудната 1948 година бродот на длабочина од 23 метри крај риечкото пристаниште ќе биде извлечен од специјализираното претпријатие Бродоспас и ќе го преземе Југословенската воена морнарица за свои потреби, а по реконструкцијата и обновата дел по дел ќе влезе во составот на морнарицата како школски брод Галеб, а подоцна ќе стане еден вид пловечка резиденција на Јосип Броз Тито.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бродот бил пропуштен од царинските служби во пристаништето или од невнимание, што е тешко да се поверува, или заради земен рушвет.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Светилнику претворен во пристаниште.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Повеќе