пристоен прид.

пристоен (прид.)

Обожава да се насели и одомаќини во кровот или под декот на секоја пристојна куќа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дури и половите органи и половите односи имаат пристојни, да не речам отмени изрази, а не како нашите безобразни, да не можеш да ги задржиш на јазикот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некој жичен скелет (од остатоците на пристојноста) го беше задржал нејзиниот облик и го обзнанува моето слепо пипаво очајување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дури ниту мама не сакав да ја погледнам, кога ме замоли пред директорот и пред моите наставници да бидам пристоен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само едно: дека треба да се наоѓаме на пристојна раздалеченост од објектот за да можеме да се залагаме за вистинитоста на она што го тврдиме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сценографијата беше исто така пристојна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Моралот и пристојноста му беа вродени. Инстиктивно знаеше да го разликува доброто од лошото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Завршува со читањето и ви ја враќа книгата во пристоен рок. Вели дека ѝ се допаѓа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само пристојно се насмевнав и киднав, немајќи сила да му кажам дека сиротата Македонија, поради онаа грчка будалаштина, всушност навива за Меккејн.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сите сме способни за реални искрени чувства, кои траат, ние сме питоми, кротки, нежни суштества кои имаат извор на создавачки пориви и можат да изградат убав, пристоен, совршен дом, за себе и за своето семејство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите сакаме голи да шетаме и сите носиме вратоврски. Како бесилка. Тивко, пристојно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сместена во една таква трикатница со накитена фасада, книжарата повеќе делуваше како пристојна, чиста антикварница, отколку како продавница за „валкана“ литература.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
William S.Burroughs Пристоен човек во класичен костум со машна, и понекогаш со честерфилд, никако не е она за што би го сметале на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе