проанализира (св.)
Навистина сфатив дека подобро е да ги прифаќам луѓето онака, само површно, без предрасуди и без анализи, отколку да знам дека со сигурност нема да ми се допаднат откако темелно ќе ги проанализирам.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Се радувам Леме, рече искрено израдуван, - се виде беше среќен, - многу ми е радосно срцево што се врати твојот вид, момче, а сега ајде да проанализираме малку, Леме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го проанализирав преку мојот скенер интересното момче од глава до петици и за тоа кратко време сватив дека има прилично полничка фигура.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ќе проанализира сѐ и потоа завршува, безмилосно си пресудува, умира со некакво душевно олеснување, свесен е, се казнува, рисјанска му е душата, покајничка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)