проблем (м.)

- Ама признајте дека сте Хрватка и решен проблем - добронамерно шепна чекачот зад мене. - Не можам - реков.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во ноќта повторно се разгори, пламна козјиот проблем.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А тука настана проблем... секој ѕидар, тесар, армирач, при преземање на манџичката и пола кило леб треба да го предаде купончето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако се случеше на пример да го прашаш кого го чека во овој ходник тој можеше да одговори дека може да го чека кого сака и дека тоа е негов личен проблем.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Немој така, - ми вели еден Турчин фаќајќи ме под рака. – Проблемот е решлив, - ми вели тој, - само што ишмилет живее овде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со цел да се покаже дека и намалувањето на работничките права е доста сериозен проблем, пристапено беше кон истражување на законската регулатива што се однесува на работничките права во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како што може да покаже секое теренско истражување, кршењето на работничките права во Република Македонија е сериозен проблем кој значително го влошува животниот стандард и човечкото достоинство на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Смесата на позитивни и негативни повратни врски им наметнува на економистите два тешки проблема.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Луѓе со психолошки проблеми можат после тоа да страдаат од сериозни напади на вознемиреност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ме оставаш сама да се справам со куќава и сите проблеми во неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа додаде дека со проблемите што јас сум ги актуализирал се бавеле други специјалисти за оние Кои не се токму во соответното одделение на Бардовци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако од тој аспект погледнете на проблемот, ако ја земете организационата и ударната сила на Организацијата во служба на македонското национално движење, дури тогаш во вистинската светлина се јавува опасноста за бугарското дело во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од овие примери може да се наслути како ТШ се развива кон тоа да ни даде когнитивна наука која ќе може да се справи со проблемите на човековата перцепција и движење како и јазикот и учењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Негативни искуства: може да предизвика главоболка и треба строго да се одбегнува од луѓе кои имаат низок крвен притисок, анемија или проблеми со срцето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе