провлече св.

провлече (св.)

Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За жал во целата таа ситуација постојано се провлекуваше најголемиот порок на моето постоење, а тоа е немањето пари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Така што, на испитите пред менторот и комисијата, Миха мораше многу да внимава и максимално да се совладува кога одговараше на прашањата од старата школа да не му се провлекуваат и одговори од новата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Нешто не е в ред?” запраша госпоѓа Морис. „Сврдле заринкал. На половина пат. Кога би можеле барем да го провлечеме, би било лесно. По него би можеле да излезат и останатите.“ 56
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не можеше никогаш да го замисли вистинското завршување на оваа голема книга без Мајкините директни записи од животот, од спасувањето на семејство, од неговото провлекување низ урнатините на империите за кои Татко пишуваше големи поглавја, за нивната величина, но и за нивните падови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Договорот беше таков - да го расцепиме платнениот ѕид на шаторот и кришум да се провлечеме внатре.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа прстен фрла, јас низ прстенот ѝ се провлекувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толку беше речита во првата верзија што често ѝ се провлекуваа зборови и од втората верзија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постојат јасни правила. Не може да ни се провлече ни педесеттинка од секое делче.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тимберланд е фирма која прва исфрли на пазарот висококвалитетни кожни мокасини со врвка провлечена околу ободот долж целите чевли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На тоа место беше неможно да се влезе, освен по службена работа, па и тогаш само провлекувајќи се низ цел лавиринт од клопчиња бодликава жица, од метални порти и од скриени гнезда за пушкомитралези.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се провлече брзо и тивко низ малечката врата и легна долу, бревтајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека границите, засилени со бодликава жица, не пропуштаа ни пилиња преку нив, писмата сепак пронаоѓаа пукнатини преку кои се провлекуваа и стигнуваа до секое катче на земјината топка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе