прогноза (ж.)
Секој пат го дочекував крајот на програмата и временската прогноза.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пробај, загризи ја јадицата. И чекај ја временската прогноза.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Долгорочните прогнози покажуваа дека ќе сме имале сув ноември, па и декември и, тоа би било поволност, но...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Временската прогноза беше пресудна за нејзините префрлувања: - Тенко ти е кошулчето, денес ќе дува ветер, ќе настинеш! или пак - Зошто ја носиш оваа кошула и денес, вчера ја облече!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Поради тоа се научи да не реагира веќе толку бурно на реченицата „студениот фронт ќе се придвижи кон исток“ туку ги отвораше очите и мирно чекаше да заврши прогнозата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Денешното издание содржеше едно соопштение за постигнатото производство, од кое се гледаше дека прогнозите биле во секој поглед сосем погрешни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А на бурите во временските прогнози одвај ќе им поверува некој шутрак тукушто излезен од својата сува семка.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Винстон, меѓутоа, во препишувањето ја спушти прогнозата на 57 милиони, за да може подоцна да се оправда вообичаеното тврдење дека планираната квота била натфрлена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стојче заработува добро. Постојано игра на прогноза за натпревари со коњи, кои се одржуваат на еден од блиските хиподроми до Сурен, на „Лонгшан“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Според прогнозата на одделението за екологија при Републичкиот хидрометереолошки завод поради стабилно време без ветер и во наредниве три дена се очекува пораст на концентрациите на загадувачките материи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Бидејќи таа си беше во години, наутро се будеше во пет часот и претерано гласно слушаше временска прогноза.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Постоеше цело едно племе од луѓе кое заработуваше за живот само со продавање системи, прогнози амајлии за среќа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)