прогресивен (прид.)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сведоци сме на прогресивна ерозија на границите проследена со создавање на нови.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Колективизмот е точката во која се судираат прогресивната филозофија, социјалната теорија и милитаризмот на современите држави.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но кој може сега да ти каже која е прогресивната страна? Можеби лажеше.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мајка ѝ била далечна роднина на царската лоза Романови, но нејзините секогаш ја држеле прогресивната страна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Додека беше при моќ владетелот, покрај несомнено прогресивните реформи кои ги донесе на државата и институциите, со вештите геостратегиски потези, успевајќи во лицитацијата на големите и влијателни сили да го извлече максимумот за својата земја, ја контролираше целосно ситуацијата во земјата која дишеше според неговиот владетелско-апсолутистички режим.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За „теорија“ веќе не се смета пасивното набљудување на идеалот, туку прогресивната изработка на модели што можат да се проверат во пракса, значи низ посматрање и низ експеримент.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)