прописен (прид.)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прописен гроб ми направиле.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се прскав по телото со млаки млазеви, не сакајќи прописно да се искапам. Разладувањето стана забавно.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Прописно го пресекол, го изрешетал пред колкот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од сите страни бевме прописно, сигурно заградени.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
25. Нѐ затвораат во касарната на Демократската армија, а Филип Хаџиевски ќе рече: — Мајката, овие прописно нѐ затворија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И така, ние зборуваме и се чипчиме, а стражарите нѐ туркаат. Се води прописна борба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Видови на преведување
Во својата статија „За лингвистичките аспекти на преведувањето“, Роман Јакобсон разликува три вида преведување: (1) интралингвално преведување, или преизразување (интерпретација на вербални знаци со помош на други знаци во истиот јазик). (2) интерлингвално преведување или прописно преведување (интерпретација на вербални знаци со помош на некој друг јазик). (3) интерсемиотичко преведување или трансмутирање (интерпретација на вербални знаци со помош на знаци на невербален знаковен систем). okno.mk | Margina #8-9 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)