просветителски (прид.)
Манастирот подоцна, им рече игуменот, со доброволни прилози на народот, пак се обновил, но низ времињата бил често опустошуван и плачкосуван од качачки банди: опустошуван бил и од чумите што ги носеле војните; но тој пак опстојувал и ја ширел просветителската дејност преку учениците што учеле во неговото училиште.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во својот извештај Еванс посебно ќе ја потенцира убеденоста на „поголемиот дел од Славо-Македонците дека една од основните цели на Британија е да го врати кралот на Хелените, а кралот за нив значи Метаксас, со неговата забрана за кози и словенски јазик, просветителска практика, како казните, затворањето, рициново масло и прогонство во Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој основен копнеж кој ја обликува технологијата на просветителскиот логос прилично го обележа и копнежот на модерното, современо знаење и денес сè уште претставува темел за стремежите на високите технологии.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)