просветли (св.)
Не можат сите да бидат просветлени. Тоа е привилегија.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Егото тој го победи, гордоста ја надмина, границите на своите погледи ги избриша, сега можеше сѐ да види јасно, затоа што гледаше не само со очите туку со духот, затоа што го достигна просветлувањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Копнеам за денот, тој убав светол ден, што ќе ме просветли и ќе ме оплемени со твоето присуство.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Подоцна, додека бев во Легијата на странци, дојде просветлувањето.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ни се просветлува тунелот на несознанието.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тогаш кога најмногу бев убедена дека се срушил светот во мене, тоа беше моментот на моето просветлување.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не знам како може да се нарече тој миг... просветлување ли или инаку...таква сила и таква радост немало досега во тебе! молкна Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Дваесеттиот век отвора промена во свеста којашто е барем толку суштинска, колку што е просветлувањето што го донесе Ренесансата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мислам, значи постојам. Гледам сѐ и знам сѐ, дали мојот дар ме просветли!?
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
КРИСТИНА: Уште јас останав. Камо мене ќе ме просветлиш?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Просветлување за приказна недовршена, оставена, заборавена инспирација.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Просветли ги оние што треба да ми дадат совет, зборовите да им бидат исполнети со милосрдие и мудрост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)