проследи св.

проследи (св.)

Исто така по неа може да се проследи на која варијација или на кој дијалект во кое време имало поголема литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Увидот е критична фаза, кога решенијата често се јавуваат “во вид на блесок”, и можат да бидат проследени со големо восхитување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но процесот на преродбата и денеска кај нас сѐ уште не е наполно научно проследен и дефиниран како поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хистеричите изливи на омраза против населението кое во Македонија се борело против турската власт биле проследени со изразување на дотогаш нечуени симпатии кон султанот и неговите крвави репресалии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сведоци сме на прогресивна ерозија на границите проследена со создавање на нови.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Оној кој го проследува моето творештво тоа лесно тука ќе го воочи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Учителката Вера како да го проследи мојот поглед, го виде и таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Па до приказни проследени со плач и искрено чувство на губиток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мракот веќе налегнуваше проследен со ситен есенски дождец.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Она што во меѓувреме успеа да го дознае за тој крлеж, го дотепа: дваесет и две години, единец од богата фамилија, декоратор на излози по модерните дуќани, проследен со невнимателни озборувања за неговата бисексуалност и добро втемелениот углед на платен утешител на омажени госпоѓи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пилотот го проследува симнувањето на лифтот, потоа уморен го искачува последниот кат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се разбира, Мисирков овде нема цел да го проследува тој процес и да го анализира тој поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу нив се шеснаесетте кратки стории низ кои хронолошки е проследен животниот пат на јунакот по кој се препознава и се идентификува Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, ако се проследат внимателно сите околности, јас го ставив во служба на поробувачите моето име, но не и совеста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе