просперитет (м.)
Исто така, тогашното раководство не се ангажира доволно за развој и пазарен просперитет на оваа фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Земјата започна да се стабилизира и продолжи и натаму да ги почитува фундаменталните вредности на бургибизмот, врз кои и почиваше долги години нејзиниот просперитет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Работата на (индустриските) машини на малкумина, обезбедуваат просперитет на многумината кои остануваат дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во низата на корумпирани и неспособни политичари, кои, единствено беа загрижени за добрата финансиска состојба, своја секако, и на своите блиски, во тешките времиња на нашата транзиција, во севкупниот хаос продуциран од корумпираната олигархија, се појави човек изникнат од народот, кој го посвети својот живот на доброто на народот и својата голема енергија до последна капка ја троши за просперитетот на народот".
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Новите урбани мигранти беа, главно, луѓе со скромно потекло кои, во времето на релативниот просперитет што ги обележа крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, можеа во Калифорнија да ги најдат истите неквалификувани работни места што ги имале во Ајова или во Алабама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)