простодушен (прид.)
А и некој простодушен народ сме: не сакаме и со душманот да се замериме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додека другите спијат сонувајќи убави нешта, обземени од болно сладострастие, вршулејќи на полноќниот мраз, тие ги заведуваат добрите, простодушните, со игра која води до слепило.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со чудна простодушност, рече: – Сите исцелители и тревари во Базел тврдат дека сум измамник. Можеби се во право.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Боже!!! А кога таа се моли, кога таа се крсти, кога таа подига очи кон небото – кога светлината сончева и светлината од малендавото маслениче и го осветлува лицето, ох, каков отсјај има сонцето во нејзините очи, а молитвата нејзина - простодушна и срдечна, нескриено вознеслива и занослива, се чини Господа ќе го симне од небо...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Простодушна гостоприемливост и почит сјаеја на исончаното лице на стариот Елисон.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Писателите на фантастичната и научнофантастичната книжевност биле принудени да соработуваат со овие списанија, па така се случило медиумот да ги наметнува стандардите, за денешни поими, впрочем, сосема простодушни и дури наивни.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Лукавец, Итрец, Луцифер
Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот
Грбавиот
Јуда умна преумна
надеж неумерена
(а смертта е без мера
безмерен семир!)
Сило црна нечиста, нечестива
волкодлака
во туѓи светилишта падена
меркана, дебнета грдосијо
те тука си, те не си
мис-миризлива, жуборлива
етерична сфера
малку отров за малку живот
Сѐ
само простодушност не
не понизност, не!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Простодушната отвореност, подвижноста и јарки, јарки бои”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Убавината побудува буквален, простодушен, патетично искрен копнеж, онаков копнеж што нема никаква дистанција од себе и никаква способност да се тргне настрана и да се погледне себеси критички од едно отуѓено стојалиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
САНЕ - Простодушен, срдечен, загрижен за својата служба, па поради тоа и вљубен во својот претпоставен; далеку повозрасен од Саздо; малечок и неугледен, спротивност на Саздо.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Можам да дадам чесен збор, кога ја видов сета таа илуминација и радост, јас сторив изглед дека сосема не ја забележувам најневината итрина и сентименталните, простодушни обиди на градската управа да го украсат моето прво доаѓање во големиот непознат град...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)