пуст (прид.)
- Тука подолу кај големиот дол го сардисаа пустите турчишта, грмеше силно оружјето, се тресеше селото од силниот пукот!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Селото го запалија и како фурија заминаа пустите турчишта.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Роб ќе стане, ден ќе светне, младост пуста в крв ќе летне!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И јас ќе се вратам во пустата куќа и почнува да ми е мака дека не ме заклале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дали ќе видите некој сон оти јас сум во една пуста земја кај што петел не пее!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Камен тежок живот ми е а по тежок одзив пусти по народни думи свети!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да му каже дека пуста ми е куќата без него и без неа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Служителот ме заборавил и ме оставил три часа повеќе во пустата училница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Та се житце не зелени та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Низ овие пусти улици сум само уште еден заборавен скитник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Само така ќе му ја запазиме честа, која и така ја нема во народот со пустото погрчување што го направи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Си зема сливи од таблата и си мези со ракијата. а таа пуста слива е блиску до патот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не можев да најдам подобар наслов за тие пусти времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кој би можел да биде во оваа глува доба, кога само несреќата бара конак во пустите села?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)