пушка (ж.)

Фатени за раце, држејќи се за шинел, за пушка, за ремен, ја прегазуваат реката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пушката му стасуваше до колениците, иако ја носеше на повисоко рамо и со цевката нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Девојки! Запамтете... Ако вие не го убиете него, против кого сте ја впериле пушката, тогаш бидете сигурни дека тој вас ќе ве убие.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега тој многу јасно го виде на белината и своето зрно како одлета од врвот на неговата пушка и како ја фати насоката на она ужасно ѕвере, просто следејќи го в петици и сигурно настигнувајќи го, сѐ додека не се вкопа во неговата распафтана арамиска зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така легнат, со пушката до мене (секогаш носев пушка, Турците мене не ме гибаа) и зедов да нишанам, онака, од бес, неодредено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги вратија на местото под оревот. Стражарите сега не стоеја туку со пушките меѓу нозе седеа на камењето зад нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Служителот дал набрзина заклетва и потоа отворил повеќе плочи на празни гробови и ги скрил пушките и барутот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу се срамеше оти не успеа без пушка да се избори за својата вистина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако треба и три синора ќе заврти и пак пред пушка ќе го дотера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мигум ги снема и војниците и полицајците со пушките со бајонетите и калашниковите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По нив, назорум гордо чекореше чичко Анѓеле и на рамото носеше две пушки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И ловецот тогаш ќе ја крене пушката и ќе го застрела крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во тоа време стигна наредба да ги подготвиме бајонетите на пушките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе