радосно прил.

радосно (прил.)

Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната „Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По тија пот се човечка дими и снага крвава цвили, по тија радост никога нема а с'лнце радосно има!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Работи што на авторот радосно му го привлекуваа вниманието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стрела ги насети оддалеку па почна радосно да лае.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Радосно мавтавме и извикувавме ете го рејзот пристигнува.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Ќе дојдат... шипинки! - радосно извика Трајче. Тенковите не можат да се качат тука в планина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Друштвото на баба ѝ, и покрај најголемата нежност и нега, не можеше да биде за неа некакво радосно друштво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Стрела, која за сето време на неговата болест беше заробена во оваа просторија, радосно заквичи и му се сплетка во нозете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гледаш се руши ѕидот, во твојата душа се втиснува радосно чувство дека ќе се исполнат желбите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Внучката радосно дотрчува и по неколку минути, држејќи се за раце, излегуваат од зградата на хотелот, и се упатуваат, под истрошеното сонце, кон колибата, полуурнатата куќарка со празни прозорци и врати на другиот крај на плажата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А вечерта радосно и со љубов ја бацуваше земјата на која по толку години проведени на Крф, пак стапнавме.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Среќни двете за моментот на тотална слобода, радосно, со смеење и скоро со трчање се упатија кон Широк Сокак. Веќе беше квечерина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе