радува несв.
радување ср.

радува (несв.)

Дедо ми се радува, со рацете шлапка, сликички од мотори, собра полна папка.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пушти го човеку нека расте, нека се радува, нека живее...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се радува срце на пролетна песна, ја отфрла гордоста своја, покорно главата ја сведнува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Некое куче нѐ подлавнува, петлите кукурикаат по плотовите, сѐ околу нас пее. „Околу Ѓурѓовден, велеше мајка, секое дрво знае да пее и секое дрво да се радува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А мајчино клето срце радва ли се радва, че голем јунак е станал син ѝ за женење...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
- Де, де, не радувај се толку! Некакви „овесари“ се! - тврдо и сериозно рече старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Двајцата сопатници имаа по три сина и се радуваа дека ќе ги видат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа чекање навистина завршуваше со успех на кој ние децата не се радувавме премногу, ами олеснето потрчувавме по ластик или топка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се радуваме дека имало и нас некој да нѐ побара...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во својата душа дедо Димо искрено ја држеше страната на Дуковци, цврсто се радуваше на нивната тврдоглавост, па кога утрово ги виде како жнеат, она негово „Да ви се позлати српот“ беше најубава желба што еден селанец може да му ја упати на друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Две румени христови девици се радуваат на воскресението од молитвениците.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И дури тие пеат ти можеш да чуеш сѐ: и како ти плаче душата и како ти се радува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се радував зошто не беше способен да ме малтретира, сѐ уште снагата забрзано му трепереше од дејството на правот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се радуваме и не знаеме колку ни е доста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како и таа да се радува со нашата младост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе