разблажува несв.

разблажува (несв.)

Не попуштам, туку и натаму гледам кон внатре: црвената се разлева, се разблажува, и некои жени, побледи, во розово, лежат, или се тоа нивните опуштени сенки, а бојата за која помислив дека задушува, сега е заднина на еден, во основа спокоен пејзаж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лабаво струеше низ него и го оддалечуваше од започнатиот разговор, од темното струење во тој разговор. Водата го разблажуваше неговиот мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека мразот на непокорниот човек го стега умот со преголема доза на страв, мекоста на твојата верба го разредува и го разблажува туѓиот страв – смирено зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)