разболи св.

разболи (св.)

Се породи... неколку дни живееше се разболе... тивко умре.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури и зелката се разболе од зеленчукова килавост, од тумори против кои селската рамнодушност со години веќе не се бореше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од студ се разболеа многу луѓе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако појдам и јас в планина, може да ми се доразболат децава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако се доразболат овдека, ќе умрам од мака дека не сум отишла. За никаде не сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А чувме дека се разболел и еден од готвачите, вели, и тој ден ништо не јадевме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден мој познаник се разболе од тешка болест. Сакам да преживеам, рече.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сме можеле да се разболиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А после чувме и гласови, вели, дека во еден полк се разболеле деветстотини војници. 190
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога сонот навистина стана вистина, цели дванаесет ноќи од синот на Тајко бегаше сонот, а клепките му тежеа како весла, иако целото негово тело се разболе и плачеше за сон.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во селото, додека лежев болен од тифус, таа за цело време додека сум бил во бессознание, не водејќи сметка дека и самата можела да се разболи, била крај мене.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од студот повторно се разболе Илко: одново го зафатија поранешните трески: ту се тресеше од студ, ту гореше од оган.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А градителот патуваше и патуваше, па кога дојде на два конака пред Цариград, се разболи од чума.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Било зимно време, немало дрва, таму со слама се грееле, (сиромаштија), се разболела мајка ми од воспаление на белите дробови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се разболе од задоцнета сипаница, Иван по пошта ѝ испрати сѐ што потсеќаше на неа - и писма и слики.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едно време се разболев, стомакот почна силно да ме боли, одзади ме чешаше и многу ослабнав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе