развесели св.

развесели (св.)

Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Беше пролетно утро кога стариот даб посака да се развесели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа пролет се обидуваше да нѐ развесели како и сите други, но многу нешта пречеа… Пречеа сите страотни настани од летото што помина…
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа им ги насити душите, првпат, откако се родени им ги развесели рацете, нозете им ги разигра, усните им ги распеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На полпат кон западниот ѕид, се наоѓаше влезот кон херметички затворената визба, и Даниел се сети на нешто со што ќе ја развесели својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лежерно ме смести во една од фотелјите, им одрецитира неколку ласцивни вица на трите поети во подем и ги испрати, развеселени, назад во скопската ноќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Супер, се развеселив. Се дотерав и вечерта се најдовме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На мајката многу и се развесели душата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Продавачот почна да отвара конзерви „месни доручак“ и да става пиво пред нас. Едно по едно, едно по друго, се развеселивме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се упативме кон тополите. Билјана веднаш се развесели, како пеперутка потскокнуваше и сакаше да ми се откачи од раката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стариот даб се зарадува и си помисли: “Еве кој ќе ме развесели“ - па ги разниша гранките да го поздрави славејчето и рече: - Запеј, славејче! Развесели ме!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Китан развеселен уште повеќе што полковниците му направија чест, растрчуваше и постојано им туриваше пијалок во чашите. И пукаше со пиштолот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го сожалив и тупкајќи го по рамото му реков да се развесели.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаев: несреќниот ќе го развеселам само ако му ја вратам сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Седнах, моми, окол' баба пред црковни врати, па сја пуљам и сја чудам зашт' е жаловита и што барат в таква доба т'мна и вечерна, кога људи сја собират дома си сос чељад; кога људи си оставјат дневни си печалби и сбирајат окол' себе дребни, мили рожби, па с них они сја печаљат да сја развесељат, да забравјат дни си чрни, маки, таги, глоби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Без придружник, сосем голо, под срп сребрен, под свод китен, Развеселен Рокамболо Во кулата стана жител.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Главатарот ми понуди половина државно богатство (еден стар клуч, две празни конзервени кутии, една сламена шапка и неколку шарени парчиња стакло) ако го развеселам Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Повеќе