разгази (св.)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Избиле до работ од разгазената патека и тупкаат меѓу притемнетите бараки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Напред одат мажи: го пртат снегот, што се вели, а јас по нив се нуркам по разгазеното.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега тргнав наспроти текот на браздата, по она возвишение по кое се гледа разгазена патека што води кон задниот дел на црквата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ми се чини дека постојано газам на истите стапки и ако одиш да видиш ќе видиш дека на тие места е разгазено.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Станкоските и сите други кои живеат во Дупка, ако не сакаат да заобиколуваат толку многу, ќе мораат да си разгазат нов пат - овдека, над училишниот и општинскиот ѕид и накосо по падините на цел Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
В црква и на гробишта, вели, нов пат ќе води, пругоре низ сокакот Дамчески и Џокоски, а сите кои живеат во Дупка и на јужните падини на Станкоски Рид в црква и на гробишта ќе одат по нов пат, сами што ќе си го разгазат - одовде, накосо, над училишната и општинската ограда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Симон, со време, залегнал во Долнец и, како што ми кажуваше Лена, тој самиот велел дека си разгазил свои патеки и дека, дури, немал потреба да среќава многу луѓе и дека, дури, чувствувал зазор од појавувањето на некого.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сега мислеше и на тоа дека и заради нив, а и заради него, ќе беше подобро да ги испратеше малку подалеку, барем уште малку да им разгазеше, да ги пуштеше сами на почетокот на вистински добро сѐ со вишни стебла обрастената угорница, што синојка толку бргу ја слегоа само затоа што се стуруваа по неа, а сега ќе мораат да ја искачуваат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А и двајца се, ќе им биде дури лесно да одат по разгазенана дира.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И нема да можеш да ги носиш доволно долго за да ги разгазиш, не се твои… не заборавај.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)