разговор (м.)

- Зошто би можело да биде морето против вас? - се обидов да му дадам нов тек на разговорот по неизбежниот инцидент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Би сакал, добри мои, да го завршам овој разговор со мојата песна “Нашето знаме“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нашиот разговор не можеше да се продлабочува, иако, во основа, ние немавме различни гледишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Секако, кон намалување на дивечот придонесува загаденоста на воздухот и голема бучава“ , се вклучи во разговорот Сашо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да му даде друг тек на разговорот, Татко ја праша Мајка: – Кога научи да танцуваш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ми стрпливо ги слушаше моите жалопојки и секогаш нашите разговори завршуваа на ист начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со него целото време го проведува во разговор и не можат да се изнаприкажат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А неговото настојување испитувањата и информативните разговори на осомничените да ги третира и да ги ословува како визити, повеќе упатуваше на пристап карактеристичен за потсмевот или мајтапењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа сите го почувствуваа и одеднаш се обидоа да го прекинат овој разговор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Словенска антитеза Дали ветер се дигна над морето под небото дали птиците се вратија и топлите времиња дали јазикот се поднови и смислата или миговните богови збор зедоа и загинаа та преметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината ги размножија и душата ми ја изнесоа на отворено како разговор во акропол да не смее да биде сама а да сака?!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седев во собата и се сеќавав на разговорот со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во секој случај во разговорите со неа не се навестуваше ниту една личност, ниту пак беше спремна да укаже на некој момент од минатото што ќе можев да го поврзам со нејзиното мајчинство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури по многуте нејзини лелекања што ги избегнував тргајќи ја слушалката од увото, разговорот фати нормален тек, поточно Роза спомна дека денес би можела истовремено да плаче и да се смее бидејќи во овој момент ѝ се причинувало оти животот ѝ се движел на патерици!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гледам кај го врти разговорот: сака да ми рече дека не е време или дека мене не ми е време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе