разгори св.

разгори (св.)

Во ноќта повторно се разгори, пламна козјиот проблем.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вискито му мина низ целото тело како пламен и му ја разгоре желбата за одмазда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А да го стореше тоа, беше свесен дека ќе ги разгореше непријателските апетити на своите дежурни непријатели од емигрантските и од јаничарските ешалони.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го разгори огнот, ги загреа малку рацете и нозете, па легна изѕемнат и во душата и во телото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го разгоре огнот и седна да се грее и да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Домата не ни е разурната. На огништето има жарка во пепелта запретана. Ќе го разгориме огнот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Месечко посилно го разгорел фенерот, во црното море од небеска недогледност... Ти со срце поцврсто од камен заминуваш...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Ја нема мајка Петра - саде таа имала Господова дарба да пронајде жарче во пепелта запретано и од него огон да разгори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И бојот навистина се разгоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го запали огнот, почека да се разгори, па закачи на веригата котле со вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И само по две, три потфаќања се увери дека под убаво измазнетото сало се кријат силни и итри мускули, и уште повеќе се разгори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
„Тој сега лесно може да им ја разгори улавата крв и да ги урне врз мене со секира и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овде сум да ги стопам сите мразови. Да ги разгорам сите огнови, да ги смирам сите олуи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури да се разгори огнот, вели, и буричка во огнот, го сили, го осилува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ уште во нашите гради постои жарче кое секој момент може да се разгори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе