раздвижи св.

раздвижи (св.)

Ме обземаше жестока желба да го натерам да се раздвижи и да го најде виновникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А пак тие зачекуваат на старците да им се скорнат некогашните мераци, да им забаботат дамарите од далечните спомени за ората среде село, нозете да им се раздвижат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сите тие настани ја раздвижија монотонијата и го разбија сивилото на одминатиот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зад потокот се раздвижија вервериците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Полјанката е сега чудесно убава. Прилега на некоја слика, само раздвижена и озвучена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Збирката ќе му даде можност на нашиот народ да види со што ја обогатил својата умотворна ризница последниве неколку години и ке ги раздвижи неговите творчески сили на тоа поле.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повисоко изопнатото небо над заливот се разлеваше на гланцот од раздвижените скорни и скокотливо одблеснуваше во очите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гласот ѝ станал длабок, повеќе заканувачки отколку старечки. Ѕвездата на брчките околу устата се раздвижила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го сврти погледот кон влезната врата која не беше најдобро осветлена и дури тогаш успеа да забележи две- три сенки зад стаклото што токму во тој момент се раздвижија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак сета таа случка остави длабока трага во неговата душа, подлабока од засекот на корбачот преку грбот, ги збрка сосем некои негови тврди претстави за човештината, раздвижи различни чувства, а особено го потстакне чувството на револт, кое не можеше да не си најде и надворешен израз во вид на извесна акција.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сепак, во последниот момент, пред самото излегување, по силно двоумење во себе, му се доближив повторно, но сепак на крајот се предомислив, одложив за еден ден да се раздвижи една друга линија на проклетото полициско прогонување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно стана од столчето за малку да се раздвижи низ просторијата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе