раздвижува несв.
раздвижување ср.

раздвижува (несв.)

И пријатен насмев му го раздвижува лицето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во твоето малечко исплашено срце се раздвижува џиновски бран.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги склопив очите и се обидов да се приберам раздвижувајќи го во себе испробаниот механизам на логиката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
-Замислете си: чувства што раздвижуваат машини и креваат тежини!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Велеше дека тоа му помага, му ја раздвижува крвта и му ја освежува мислата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
7. ДОБРИТЕ ЗБОРОВИ ОТВОРААТ ЗЛАТНА ВРАТА - сите, ко риби на суво, си раздвижуваме усти, но која ли врата денес, уште и да е златна, добар збор ја отвора, а не клучовни мустри...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Моментално вентилирам раздвижувајќи ја енергијата околу мене. Дефинитивно решив дека веќе нема да водам војна со моите желби и задоволства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ламбата раздвижуваше ленливи сенки на ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо со мислите е некаде на друго место, далеку од оваа строга замраченост во која ведрите утрини згаснуваат и во неговата душа се раздвижува нејасен и плаховит бунт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пролетва, од 20 април, кога меѓу 17:30 и 19 седам пред „Багдад кафе“ и се обидувам да уживам во макијатото, секогаш едни исти брборливи мисли ми се раздвижуваат низ главата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во различни форми: ветарот ги обликува, истиот невидлив дух кој ги раздвижува, ги обликува формите на животот на земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одделението живнува. Децата се раздвижуваат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Умртвените раце и нозе ги раздвижувал, а на унесреќените им дарувал здравје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Авторот со изненаденост забележува или има чувство дека масата неподвижен смог почнува одвнатре, од длабочината или од дното да се раздвижува, да се буди од својата налегнатост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)