разденување ср.

разденување (ср.)

Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тука ги затече разденувањето, со темницата и облаците се повлекоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На разденување никогаш немало божилак.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Беше престанато со разденувањето, иако во нив остануваше очекувањето барем уште малку да се поразвидели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, не треба починка, не треба смирување, сето поле пукнало од здравина, па крвта е моја светло разденување од таа разгаленост, од таа убавина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Со разденувањето стравот се распливнувал. Луѓето ги криеле очите еден од друг и биле повеќе неми отколку решени да го признаат ноќниот пораз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во последните две ноќи и во последните две разденувања, ни месечината ни сонцето не се запирале над толпата и брзале да бидат што подалеку од смртта на лутата крв што селанецот ја носи со себе од оној ден кога како глембаво новороденче ќе се стави на јачмена слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник имаше крвави очи. За да не гледаат во него, во крвта на тие очи - неколцина ископаа плиток гроб и го припокрија со земја во неколку дни престарениот Неделко Шијак - умре пред самото разденување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тогаш, некаде пред разденување, малку беше сум се подзанесла, ме преварил сонот. Беше сум задремала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше некаква црвена нијанса во тоа разденување, по што не му беше тешко на момчето да заклучи дека преку ноќта небото се изјаснило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Какви ли јата во разденување долетале? Некави невидени мршојади размавтале црни крилја и заштракале со ненаситни клуништа!?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Екипата за дератизација мошне успешно си ја извршила задачата: во раните утрински часови, на разденување, без врева, без љубопитните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
До разденувањето се собра целото село и огнот се згасна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дека каде и да се ќе излезат сигурно на сртовите, сите оние итроноги и плашливи козички, дека тие не ќе можат да не излезат за да прошетаат по тие сртови пред огрејсонцето во едно такво разденување. Знаеше дека секогаш доаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа прва ноќ во пештерата - бигорна - бессоница - ама со надеж за едно светло разденување.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Разденувањето ги бришеше ѕвездите и полека окото се полнеше со светлина: зеленикава, па жолтеникава и на крајот азурно-сина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше згора над таа модрина, високо горе, заедно со тоа заискрено утро, ѓаволски добро за лов на диви кози, со сиот тој тврд снег и со сиот овој раскош на разденувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ноќва првата група ќе даде стражари што ќе се сменуваат до разденување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе го дочекам разденувањето, кај тебе. - Дојди да си легнеш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе