размени св.

размени (св.)

Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше да размени поглед со братучедот, но кога погледна пак, виде дека тој уште спие со двете раце надвор од ровот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само еднаш по речиси цел месец вечерни средби тие успеаја да разменат бакнеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во рок од една - две секунди, разменија еден двозначен поглед и тоа беше крај на приказната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една непогрешлива порака беше разменета.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто се враќам, си велам, кога нема со кој збор да размениш: ни по кого да викнеш, ни кој да ти се одѕвие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Петар го подигна шеширот и ги поздрави двете млади дами бакнувајќи им ги рацете, а со Томаица разменија значајни топли насмевки полни со нежност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како што сега мене ми е потребно да имам некого околу себе, да најдам некого кому овие свои мисли ќе му ги соопштам, со кого ќе ги разменам и ќе ги проверам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Разменија неколку пригодни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тоа не беше важно, зашто беше просто незамисливо дека би можеле да се состанат некаде во затворена просторија, или да разменат некаква писмена порака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Далеку, може дури преку море... На секого си туѓ... Нема со кого збор да промениш, солза да размениш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ниту една држава на Балканот не беше доволно важна за САД и не гледаа потреба да формираат таму своја амбасада или со неа да разменат амбасадори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Да појдеме горе и со Иван да размениме мисли. За вакви работи му сече умот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ако разменеа по некој збор, тој секогаш беше далеку од тоа дури и да се потсети на она што мислеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А од друга страна чуствувам потреба со некого сепак да разменам неколку вистински зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако Рада и Томо го кажаа пред сите своето да, прво се разменија прстените, потоа бовчите меѓу двајцата млади.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тие разменија на крајот неколку мисли за тишината и зборовите: Извлечи од заборавот зборови кои ти се чинат посилни од тишината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По малку, Луков ја отвора вратата и во собата - откако неразбирливо ќе ги разменат лозинките - влегуваат Младичот и Методи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе