размесување ср.

размесување (ср.)

Да месиме леб, па дури да втаса за размесување, ти да појдеш до црквичето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Налик е на надојдено тесто готово за размесување. Во еден миг со очите си проговоривме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Усните ѝ беа надојдени како тесто за размесување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)