разнебити св.

разнебити (св.)

Пријателството на двајцата антихристи го разнебити попот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луди, безумни и неразумни времиња и во нив и луѓе кои од туѓата болка си направија широка и мека постела распослана врз тој тежок и ужасно болен, страшен и уништувачки удар што нѐ раздроби, откорна и разнебити...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се искривоколчила природната оска на овој човек од премногу свивање, му се разнебитил духот, препуштен на функцијата на преживувањето, во вечно променливата сталински хиерархија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)