разонодува несв.

разонодува (несв.)

Се разонодував во изменетата опстановка и сега повторно на светот гледав од погорно скалило.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислев дека те разонодува, велам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Види ги ти нив, - си мислев, - како убаво се разонодуваат, како да се на забава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сфатив дека е спремен да окара и тоа само затоа зашто за момент бев изумил дека се има зафатено со доволно важни нешта за да можам јас да го разонодувам со непотребни прошетки!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подмолно ме гледа низ светкавите клепки. Се обидува да изнајде што ѝ готвам. Сѐ уште се шегувам, тоа ме разонодува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)