разочара (св.)

Се мразам што егото незнам да го скротам за секое срање газот да го потам се мразам себеси што Бог го разочарав и погана уста што често отварав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но никогаш до тогаш Русите не се разочаруваа така како што се разочараа во времето на последната војна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На почетната страница од нивниот сајт напишано е: Се надеваме дека до сега не сме ве разочарале, и дека повторно во некоја песна, некој стих, некое зборче или пак тон, ќе пронајдете дел од себе, дел од вашиот живот, затоа што светот во кој што живееме, малку е убав, малку за нигде, ама единствен кој што го познаваме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Господинот Гроздановски, набљудувајќи го истражувачкото поведение на кучето, малку се разочара плашејќи се дека кучето е рамнодушно кон него и дека е во потрага по нешто што треба да ја задоволи неговата себичност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се разочарав од она што го видов. Освен морето, ништо друго што може да привлече. Крајно неуредно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По зборувањето и некои одредени муабети забележав дека пак се разочарал од ревиите. Веројатно не биле многу успешни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова лето тој ме разочара.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Детето-слушател на првобитните приказни ќе биде разочарано кога, како возрасен читател, ќе открие дека она што го сметал за најчиста вистинитост на своето искуство - и како несомнена стварност - било само „литература“, зашто ќе се покаже дека не сме „сами“, односно единствени, за кое пишува Томас Ман, но и нешто повеќе од тоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кон болките сега се придаде и една тешка грижа, да не го побараат, да не го спашкаат по адресата, и дедо Иван ќе се разочара во него, ќе види со кого имал работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ме разочара зашто ми беше убава и имав добро мислење за неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Толку многу верував во него и бев убедена дека нема, сигурно нема да ме разочара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јебига: маж ќе те тепа, жена ќе те вара, швалерка ќе те остави, син ќе те разочара, снаа нема да ти се погоди, зет ќе се испијани, балдска ќе те намрази - а само сестра е во состојба сите нив да ги истрпи!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не можеше до таа мера да ги разочара...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И тогаш, постепено, заврши правејќи уште од истото, зашто, како можеш да ги разочараш луѓето, кога нешто има толкав полет?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам дека моето однесување што уследи не ја задоволи, или поточно ја разочара.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе