разум (м.)

Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таму не можам да ја најдам сета помош токму заради тој постојан разум, наспрема сложеноста и непостојаноста кај нас луѓето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сепак знаев дека се става на војничка блуза без ордени додека јас размислував со неговиот разум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При тоа можам право да расудувам, со чист разум и чисто срце.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Метаболизам на дискусијата Кампања за здрав разум и обновлива енергија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Уште колку е потребно да се прекине линијата на разумот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но ти ќе можеш да учествуваш во таа иднина само ако го сочуваш жив својот разум, исто како што тие го сочувале живо своето тело и ако ја шириш тајната доктрина дека два и два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На логиката на еден здрав разум ова никојпат не ѝ влезе в глава, но затоа Хегел и го изврши своето епохално откритие, со тоа што ја надмина оваа логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ваква неразумност која логика нема разумот не прифати.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Зато треба да се склопува со разум и одговорност, а не со некакви младешки чувства и соништа кои немат врска со реалноста.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Опитен беше во расправи и бевме чуле дека сите со кои беше расправал ги беше победил со разум, ум и божја верба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нема потреба да се објаснува дека Хегел под движење на логичките категории на „светскиот разум“ во мистифицирана форма го објаснуваше движењето на стварите и појавите на објективниот свет.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ЈОРДАН: Ветер е тоа, не е мерак! Има очи да види и разум да мисли.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Така разумот почна да го напушта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се обидувам да се загледам во природата во која борави некаков сеопшт и постојан разум, осенчен со божествена сила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе