рамка ж.

рамка (ж.)

Само чувствуваше како ја лулее нешто и носи над и вон сѐ што би можело да се опфати во било каква мисловна рамка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во рамките на единиците на НОБ влегле и антифашисти од редовите на Албанците, Турците, Власите, Ромите и Евреите од Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сега кулата повторно зборуваше и зборовите излегуваа од рамките и во делчиња му паѓаа на нозете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Првата е дека за демократија се неопходни граници и рамката на државата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чкрта по ѕидовите и вели дека сликите живеат надвор од рамките.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Амстердамскиот договор од 1997 година и Шенгенскиот договор од 1999 година создадоа простор креиран да промовира економска либерализација, особено поголема мобилност на капитал и работна сила во рамките на ЕУ преку елиминација на граничната контрола меѓу земјите членки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Одбрав тема во духот на мојот балкански патријархален инстинкт, од нашата неприкосновена тврдина низ вековите семејството, во чиј методолошки пристап не можев да се ослободам од принципите на дијалектичкиот материјализам, во рамките на славната советска наука по Октомвриската револуција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фасадата беше скромно украсена. Прозорците на приземје и првиот кат имаа кремасти метални рамки во кружни форми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но човекот во рамката веќе му се вклопува во мислите, пали во нив немир и жолч.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отсуството на дополнителни знаци во готското писмо се објаснува со фактот дека специфично готските фонетски вредности се сместени во рамките на грчката алфабетска низа по пат на супституција на некои специфично грчки фонетски значења, кои се одвишни од аспект на готската фонетика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во рамките на културите кои го практикуваат таканареченото фонетско писмо, математиката не е само енклава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој се труди да се идентификува со околината која го опкружува, па доколку не најде своја рамка, останува сам како независна планета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе