рамнотежа ж.

рамнотежа (ж.)

Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Царски е патот на змиите: ја сечат отмено поврвнината на брановите, легнуваат по карпите тивко, како сонце на залез се лизнуваат меѓу нозе очи в очи се судираат, исчезнуваат без страст, без отров секогаш совест од којашто извираат водите, се ведат змејчињата за да се одржи невидливата рамнотежа - услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зад себе слушна тешко дишење и тап звук и тој доби жесток удар по глуждот од кој речиси загуби рамнотежа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во обид да се помрдне, од раце ѝ падна пушката и, не можејќи да додржи рамнотежа, падна врз неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ваквите настани придонесуваат да ја загубам рамнотежата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во паузата што по овие зборови ја направи, авторот си рече: Сега дојде моментот кога заради рамнотежа ќе ги репне левучарите во корист на грчката десница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му препуштив на Земанек да ѝ објасни; тој рече дека од раѓањето сум талентиран за еквилибристика, односно за акробации во кои најважно е одржувањето на рамнотежата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како во прастарата физика, тие со себе го носат сопственото место, својата точка на рамнотежа која повеќе не претпоставува никакво поместување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја изгуби семејната рамнотежа низ новите останувања и враќања помеѓу Турција и Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дефинирана рамнотежа меѓу реалноста, наизменично бранување на интимноста без рамнодушност кон постоењето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Стаклената несигурна вага на која се мерат неразоткриените работи со познатите, многу тешко ја одржува во рамнотежа во услови кога мислите се во непрестајно движење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Требаше да се одржи внатрешната и надворешната рамнотежа и стабилност на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Е и ова ми се допаѓа – си мислам, иако малку ме вади од рамнотежа нејзината мирнотија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нашето задоволство бараше да се изрази и после првото интензивно заедничко навлегување во нашите личности, достигнавме рамнотежа на сите сили кои нѐ сочинуваа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Навистина токму овој нејзин исказ ме исфрли од рамнотежа иако слушав внимателно а притоа се трудев моето внимание да не личи на зјаење во празно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но најчесто се случува луѓето кога ќе се најдат во спиралата на потрага по моќта за владеење, да се однесуваат како суштества кои живеат во илузијата дека нивното присуство во светот станува капитален чин, небаре неопходен за движењето на материјата, рамнотежата на светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе