расее (св.)
Сум го сквернавел олтарското место и гробиштата. Сум копал за да ја откопам старата омраза, палежите и убиствата меѓу Кочовите и семејството Поцо, за да ја расеам омразата низ целото село.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И судбината ги расеала нивните куќи по камењарот кога била пијана.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пациентките се обидуваат да го разонодат и да му го расеат вниманието.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
6 Оваа книга ја пишував јас, онаа јас на која „сите зборови ѝ се расеаја“ токму како и на Caroll-овата хероина Alice.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега ми се чини дека не ја пишував јас туку некоја возрасна Alice на која зборовите ѝ се расеале, која не знаела која е: ту ѝ се чинело дека е поголема од куќа, ту дека би можела да се удави во баричка од солзи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)