расипан (прид.)

Колку што е доброќуден и наивен кога купува толку е итар и расипан кога си продава самиот на себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од дувалото со векови избива сулфурна пареа и топла сулфурна вода која тече низ брегот и шири мирис на расипани јајца, на ќуќур.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наоколу мирисаше на догорени свеќи, на лански босилек, на пресна земја и на некоја старечка издишка што поминала меѓу расипани заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наивната прикаска за групичка расипани узурпатори на една страна и слободарските народни маси заробени во оковите на тиранијата на друга, веќе не е ни за детски уши.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Веќе е расипан, велам јас и нов бран на скокот ми иде одоздола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има и некакви железа. И некаков расипан камион...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Без најтемелно и најбрзо можно испирање на мозокот, нивните расипани умови би можеле да проникнат во нашите валкани ујдурми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Распоредувам слики, исправам расипани емоционални механизми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
njetwork - неисправна или расипана компјутерска мрежа
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас сум расипана до коска.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
АНТИЦА: (му одговара исто така со пеење) Не ми е ѓерѓеф, море расипан, Не ми е иглата скршена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Навистина, и таа горе лево имаше расипан заб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговите мисли постојано се вртеа во ист круг, како расипана плоча.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се возеа така околу два часа, оставајќи ги расипаните камиони долж патот да чекаат замена од Роуч, така што до границата на Лејк Чарлс останаа само уште два камиони.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Сакам сите да бидат расипани до коска.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш, кога ќе му останеше во планините некоја заделена крава, што забегнала од стршенот, или останала расипана од дивината, оној продолжуваше да ака по неа и во вечерите, заедно со нејзиниот стопан со едно фенерче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе