расипе св.

расипе (св.)

Но кога видоа западните држави оти се излагани и оти Бугарија раѓа такви луѓе како покојниот Стамболов и живиот Свирчо, се успокоија и зедоа против волјата на Русија да го прават тоа што самите го расипаа во Берлин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- И да ти кажам, ти голтар низаеден, така лапајќи, можеш само стомак да си расипеш, разбра ли?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некоја непредвидена околност или недоразбирање им го расипа мојот спровод.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па сепак тоа нешто расипа во очекуваниот редослед на средбата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислиш некоја сипка пее за да го расипе времето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За ракописот на татко ми да не ви раскажувам. Тој вели дека си го расипал со пишување рецепти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не сакаме да го расипеме и го закриваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не му дадов знак дека е во мене и дури по оној несреќен ден кога ме расипа агрономот во изораната нива и додека бев во болница во Сомбор тој се појави и јавно ми призна дека мене ме гледа како замена за својата спалена невеста независно што ми се има случено.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Може тој мене да ми го расипе!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во моментов сум добро расположена и, знам, ако почнам да се сеќавам како беше, што сѐ преживуваме брат ми и јас тие априлски денови пред две години, сосема ќе ми се расипе расположението.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во спротивна насока можеш сосила да ја движиш, ама ќе го расипеш часовникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кажа ли – сѐ ќе расипеш и на деда ти лошо ќе му направиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Попот си ги зеде петте лирички назад и се поослободи малку, мислејќи дека со ова ќе се расипе работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Автобусот навистина се расипа, а работниците излегоа на улицата и застанаа да чекаат друг автобус, нервирајќи се дека ќе закаснат на работа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го расипав здравјето, му ги потрошив парите на татко ми…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Видиш, - рече Шишман. - Добро оти ти текна. Бадијала ке го расипевме пликот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со себап сме се собрале, убав ни е муабетов, сакаш да ни го расипеш? Гледај си го ќефот тука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе