распит (м.)
Распитот премина на барање податоци од воен карактер.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По овој последен распит ја загубив стрпливоста за следење на протекот на деновите, а уште помалку на месеците.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Распитот си трае: веќе и јазикот ми се поти од зборување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бегството беше осуетено и навремено спречено, а сведоците задржани на распит.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Па и распитот оди исто. Нема физичка болка, а сѐ те боли.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа во Битола се вршеше распит на граѓаните. Го распрашуваа и Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Невропсихијатарот бегло погледна во картонот, без да прочита, и рутински продолжи со својот дијагностички распит: – Кој ден сме денес?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Изјавата на гостилничарот покрај наведената поединост во целост гласеше: „При распитот, изведен на местото на настанот, гостилничарот Трифо Саздов изјави: Беше петок попладне.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сѐ на сѐ ако беше потребно да се стори нешто во врска со моите објаснувања околу спомнатиот културен преглед, можеше да се констатира дека помеѓу испитаникот и службениот орган во текот на распитот е дојдено до недоразбирање кое можело да биде надминато со повнимателен приод кон текстот или преку негово заедничко препрочитување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Конзулот Стег, кој молчаливо го следи распитот, го праша: „Сте сакале да ја уништите токму Викторија? „Затоа што знам француски јазик“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Капетанот задоволно пак се насмевна и рече дека распитот е готов.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)