распореди св.

распореди (св.)

Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги распоредија по куќи и им рекоа да почиваат до квечерина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имаме пушки, кубури. За овие неколку дни до доаѓањето в село ќе се распоредиме во групи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Податоците ги поделив на области на сродни поими и постапки и ги распоредив според нивната субјективна важност - односно. според впечатокот што го оставија на мене.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во паралелката во која што бев јас распоредена беа најстарите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кикицас го прекина: - По овластување на Главниот штаб наредувам веднаш да почнеш со пренесување оружје и да го распоредиш долж џадето меѓу селата Брезница и Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дека притисокот не е најголем во централната точка на основата, туку долж еден прстен од честички што се распоредени малку подалеку од центарот на основата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Според тој план четите требаше да се распоредат околу чуката и да ги фатат големите карпи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изгревот кој го користевме како здрава терапија, за напојување со чиста енергија, пред сѐ за чистење на духот, смирение кое ти ја сталожува енергијата, како бистра чиста вода, па ти овозможува да ја распоредиш сам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаете каква може да биде ноќта без свеќи, без сијалици, мапи, распореди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе