расправи (св.)

Која власт ќе можеше да го расправи тоа“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никако да се попредаде времето, што се вели, да се потргне и да се расправи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За ова нешто сам тој на шака расправеше, после, ко помина фуртуната и ко се растури месната канцеларија, а тој ништо потоа не беше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Море, кажи дали ќе се расправи времево?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МЛАДИЧОТ: Ми се чини дека уште синоќа Ви расправив - сите мои беа заклани од Турците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Утрото тој му расправи на Ордета сѐ што стана, но го заколна да не му кажува никому за тоа, а особено на стариот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Набргу ни расправи. Во ралупот влегло врапче, а тој со капата го затворил ралупот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првостепениот суд е должен да ги изведе сите парнични дејствија и да ги расправи сите спорни прашања на кои укажал второстепениот суд во своето решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
КОТЕ: А пак ние сега зборуваме „Шуќур господ ни го расправи временцево“...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Султанот се намурти и му даде заповед на везирот: – Веднаш да се затвори Фрања Заја, австрискиот пратеник кај нас и наредба до Казим-паша во Будим да се расправи со тој бунтовник.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Добро, добро – рече везирот – ќе ја расправиме таа работа нели дојдовте овдека, но... како се викаш ти, мори ѓаурко? – ѝ се обрна Мехмед на Анѓа и ѝ се наднесе над главата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
КОТЕ: Море, речете шуќур господ ни го расправи временцево...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му расправи на Адема, дека Толе секое идење ѝ удира по сто оки ќотек, а кај оди, што работи, ништо нејзе не ѝ кажува ниту пак ѝ остава нешто за децата, та веќе налет за неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Си ми дошол в куќа. Седни. Ќе се расправите мирно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се расправиме со него во една ноќ и целата оваа територија ќе ни биде слободна. Не е мала. Сто квадратни километри.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ни вчера си се колел, ни денес ќе се колеш. Онисифор Проказник ќе се расправи со нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
8. Ближеа Водици, а времето никако да се расправи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)