растрепери св.

растрепери (св.)

Ова што требаше да се случи сега искрсна така изненадно што го растрепери.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сиот се растреперив. Што е тоа што се случило и кому се случило та што треба да се јави в милиција?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И се растреперив од некаква чудна среќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мене ми се пресекоа нозете. Почна да ми се врти во главата. Во ушите ми бучеше и сиот се растреперив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да знаеш, да ти се случеше нешто страшно, ќе се фрлев од единаесетти кат – се растрепери сиот и уште посилно ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав дури и да ја погалам по косата, ама толку многу се растреперив, толку почна силно да ми чука срцето, толку се збунив, што го згрешив и текстот од песната што ја вежбавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Целото негово суштество го слушна тој судбински знак и се растрепери како и рацете.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А сепак, она најсилното, она највпечатливото, она што докрај го растрепери детското срце, остана да трае, да ги премостува сите порои на времето што нанесуваат заборав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Томчо се растрепери од возбуда. Одамна имаше желба да фати зајаче. А сега - еве го пред него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
О, крилат коњу, растрепери со твојата црна грива, земи ме, сону, рашири крилја ...во мракот!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- О, тето! Сум заспала. Сонував сон кој целата ме растрепери.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Де, мори Пелагијо, нема ѕидови меѓу вас што си се растреперила? си вели сама на себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Па каде е сега тој? - избрзав јас. - Отиде во Рајот божји, душата покој да му има, лесно да му е темното море што е над него, - се растрепери старичката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ибн Пајко се растрепери, божем самата Калија го допре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)