растресе св.
растресен прид.

растресе (св.)

Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Страшна грмотевица ја растресе земјата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Да се растресе сиот негов живот, - ќе речеше татенцето и почнуваше да раскажува. Од под пазува му паѓаа ордени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И запамти! - таа пак го фати за брада, го растресе, стрвнички му се загледа во малите гурелави свински очи, му се закани со прстот од слободната рака, мавтајќи му пред нос: - Да запамтиш еднаш за секогаш!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Замолчи веќе еднаш и стави нешто за јадење на масава. Оној воз ми ги растресе џигериве.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мене телото ми го растресе немир. Каков карактер сум јас, со оглед на црните луѓе, се запрашав.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И одеднаш, се околу се растресе, разѕангари.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Лесно растресе крилца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одамна потиснати и заглувнати немири - нагло го обзедоа и растресоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)