раст (м.)

Правилата кои управуваат со растот на растението ги пренесуваат особините од помалите на поголемите размери.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се запишав веќе во шесто одделение и бидејќи бев висока по раст ми се чинеше кој знае колку сум голема.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Маж со среден раст, облечен во стара предвоена грчка офицерска униформа без ознаки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па така, работничките права се колатерална штета и нивното жртвување се очекува да биде оправдано со астрономски економски раст и благосостојба од која наводно сите ќе имаме бенефит.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Имено, правното лице од горенаведените дејности може да ги исплати месечните аконтации на чистите лични доходи по работник најмногу до правото утврдено во закон 7 за периодот септември- ноември 1990 година, зголемен најмногу до 90% од растот на исплатените чисти лични доходи по работник во стопанството за последниот месец за кој се објавени податоците од Републичкиот завод за статистика во однос на просечниот месечен чист личен доход по вработен во стопанството за периодот на септември- ноември 1990 година (чл. 1, ЗИЛДДЛПР/91).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се надевам дека театарот знае колку треба да се инати за да не си наштети на растот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На раст беше низок, но мускулест и подвижен како верверица.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Растот ѝ даваше можност да гледа на сцената, а ушите ѝ слушаа сѐ што се зборуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво, тоа беше некој по раст среден човек со неправилно тркалезно-плоскато лице со нечиста, мозолесто-црномурна боја на кожата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник со пушката на готовс и громко извика: — Теслим, бре ќерата! — и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моето изненадување не беше мало, кога се сретнав со огромното горило, кое имаше два човечки раста, а глава голема колку шиник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше релативно млад човек со среден раст, црна, густа и кадрава коса.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше со среден раст, но жилав, секогаш спечен, црвен во лицето. А сега лицето му беше згоено и бело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па тие двајцата, и физички биле доста различни - едниот повеќе рус, висок, со долги нозе и подвиен во градите, на моменти замислен и затворен, а другиот со посреден раст, набиен, со потемна коса и енергичен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше со среден раст и имаше широки рамена, беше компактно граден, лицето му беше широко, а косата и тенот на кожата му беа посветли од оние на Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе