расудува (несв.)
При тоа можам право да расудувам, со чист разум и чисто срце.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Прво се поставува прашањето: дали комитетите, расудувајќи логично, можат да му објават војна на новото течење?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Напрегнато мислеа и расудуваа. Ретко грешеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сето тоа, се разбира, е само аналогија, бидејќи во денешно време не може да се репродуцира „Критиката на расудувачката моќ”; не се работи за нешто толку слично.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тој сосема реално расудувал дека „ништо не може да ја извлече“ Југославија од „руската прегратка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, се излажавме: стрелата се одби од него како најобична сламка фрлена на камена утврда, оти овој прослови: „Говориш верно, и расудуваш добро.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Те молам кажи ми од што проникнува мудроста во тебе, од каде ти се познати правилата на однесување, бидејќи ти не знаеш ниту да читаш, ниту да пишуваш, а сепак можеш, праведно да се поставиш, да расудуваш?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Им остана ли слободно време, тогаш не само ќе мислат, ами и ќе размислуваат, ќе оценуваат и проценуваат, ќе судат и расудуваат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И додека настојуваа што побргу да се вразуми терајќи го да го полни воздухот во собата со каење и ветување дека ќе се поправи, дека ќе се измени, дедо му Аврам држеше до своето дека детето треба да се пушти на мира, да расудува со свој ум, да гледа со своите очи; во секое доба од животот да мисли онака како што му наложува тоа доба, зашто нема враќање назад.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Чесно да се расудува, Едип е ништо пред него, прав што ветерот може да го однесе, а еве, го туриле него на царско тезге.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)