рачен прид.

рачен (прид.)

— Свири, ѝ вели на жената, оти бомба држам в раце... Рачна граната, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Долги митралески рафали и трештење на рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го слушав дрангарањето на рачната количка во која ги товараше камењата и повременото цвичење на неподмачканото тркало.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Забрзано го вртеше стариот рачен телефон, во очекување на директна врска со надлежниот од Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На деветнаесет години изумил рачна граната што била усвоена од Министерствто на мирот и која, на своето прво испробување, убила триесет и еден евразиски затвореник во една единствена експлозија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да ја запали, благо го потчукна едниот крај од цигарата врз својот рачен зглоб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој погледна на својот рачен часовник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од динамитот што останал по одвојувањето за минирање на Банката и дванаесетината колограми за диверзија на бродот, биле направени 70-80 примитивни рачни бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На пример, никогаш не можеше да си прости што, за сметка на неколку таткови книги, го остави рачниот апарат за брзо правење јуфки купен при нејзиното единствено патување во животот, патувањето во Италија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Претседателот на Дисциплинската комисија не е пушач, има намрштено лице и видливо нестрплив поради што често го проверува времето на својот рачен часовник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рацете се испремрешкуваат во нестрплива желба да му ја стиснат неговата бледа и тенка рака што се губи меѓу нив и сеќава само силна болка во рачните коски. И не може да си ја оттргне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кревалката може да биде рачна, полуавтоматска или хидраулична може да чкрипи како рѓосан чекрк или да е безшумна како опитен ѕиркач
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Среќен октопод Рачна носталгија Еден пријател има чуден обичај на жените да им бакнува рака. Секогаш ме трогнувал овој гест.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ја погледна Херкулина. Таа го искористи моментот за да покаже кон својот рачен часовник и да го потсети дека времето за посета истекло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тенкот, подморницата, торпедото и митралезот, па дури и обичната пушка и рачната граната, се сѐ уште во употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, успеа да го набави рачниот несесер од коска со прибор за шминка, кој му припаѓал на Рудолф Валентино.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
По ѕидовите висеа ткаенини со везови од рачна изработка кои веројатно самата баба Мара ги имаше направено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе