рачка ж.

рачка (ж.)

Видов само како Горачинов ги испушта рачките од раце и ние, главечки, се ошевративме во едни папрадишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една од рачките на џубоксот ја постави избраната плоча на грамофонот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Упатството го стави настрана и ја заврти рачката на апаратот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во куќата си донесов телефон и грамофон со рачка и голем пајтон со кој се возев до Скопје и назад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Рачката со иглата се помести на многу висока позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рачката на дувалото стои тенка, јазлеста во полутемнината на аголот од оваа соба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ја зеде мојата рака во својата, заедно ја стиснавме рачката од големиот пиштол, нанишанивме и го повлековме орозот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Поделкај чини, поделкај, па плукни си во дланките за да не му се лизга рачката од секирата. И секирата само свирка и светка и летаат деланки од крај неа. 14
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја повлекувам рачката за затегнување на затворачот, го исфрлам неиспуканиот куршум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се попритискува до ѕидот и раката махинално ја стега рачката на револверот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го затегнувам затворачот, ја враќам рачката напред и реденикот тргна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За момент и двете влечеа, а тогаш рачката се одлепи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан ја беше турнал рачката на бројчаникот на триесет и пет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Раката му лежеше врз еден бројчаник со рачка на горната страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш се испостави дека рачката за вода е неизмиена и ќелијата со часови потоа одвратно смрдеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сме застанале така во браздата, ко посадени, сме се потпреле на рачките од мотиките, и гледаме во небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да не заостане, брзо го измерка дрвото со поглед, ги наплука рацете и одмавна, ја закачи ссекирата во стеблото и кога ја тргна рачката да ја откачи, виде оти е лабава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе