редослед м.

редослед (м.)

Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Па сепак тоа нешто расипа во очекуваниот редослед на средбата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мноштво од тие цртички е составено врз основа на критериумот на тематска сличност или стилска блискост; некаде се следи и хронолошкиот редослед на настаните или на настанувањето на „отпечатоците на хартијата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За ручек се повторуваше строењето, слушањето вести и така натаму, се по истиот редослед, секој ден...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Другари команданти, тоа би било сѐ. Сега вратете се во своите единици и по изнесениот редослед започнете го прегрупирањето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборуваше полека, милозвучно, не го повторуваше истото, а ако се случеше тоа - го менуваше редоследот на зборовите за да ти е интересно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, не беше нејзино да спори за неговите книги, најмногу за нивниот редослед.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу внимаваше со ништо да не го изневери последниот редослед на татковите книги, да не помести ниту ливче, небаре Татко тука повторно ќе се врати, како секогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Христина и Томаица се чудеа што да облечат за на слава кај чичко им, па гласно се правеа договори за редослед на капење, се пеглаа облеки, се печеа пити, колачи, целата куќа мирисаше на цимет и каранфилче.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пусто суеверие, немаше порационално објаснување зошто моите братучеди ги имаат имињата од нивните чичковци (моите вујковци) по обратен редослед... на крајот на краиштата, и не е важно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да! Егзекуцијата беше извршена, и тоа по редоследот од порано утврден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му велам: „Другар иследник, дали смеам да ги изнесувам размислите по оној редослед по кој ми доаѓаат на ум во овој момент?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе