релативно прил.
релативност ж.

релативно (прил.)

Иако мескалинот не создава навика, толеранција се развива за релативно кратко време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го беа избањале и му дозволуваа да се мие релативно често во еден тенекиен леѓен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така мораше да се случи и со газдата на арабаџиите и покрај релативно поволните информации што ги доби за него верскиот поглавар Афз Б од доверливи извори од старата чаршија и од оџата на најголемата џамија во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојат релативно малку сведоштва за подемот и падот на Османлиите, посебно на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ваквиот релативно доцен настанок на системот на изразување на бројни вредности во грчкиот систем на писмо се покажува низ фактот на губење на грчкиот еквивалент за старосемитското садхе, кое во грчкиот систем на писмо е внесено на 27 место со бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во попримитивните времиња, кога праведното и мирољубиво општество беше практично невозможно, во оваа идеја беше релативно лесно да се верува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Релативно ретко пуштаме крв. Само два пати сме пуштиле.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Адвокатот беше релативно млад човек, и многу комуникативен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше релативно млад човек со среден раст, црна, густа и кадрава коса.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Згора на сѐ, таа е и професионално вклучена во заштита на работничките права – во делот на превентивата и медијацијата – односно го застапува работникот пред работодавачот за да воопшто и не дојде до судски спор, којшто е релативно скап за наши прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа уметност не е ништо друго освен агресивен провинциски конзервативизам кој беше релативно безначаен, сѐ додека не најде силна политичка база.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ што беше големо и импресивно, доколку изгледаше релативно ново, автоматски се прогласуваше дека било изградено од Револуцијата наваму, додека сѐ што беше очигледно од постар датум, му беше припишувано на некаков магловит период наречен Среден Век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да работеше и таа во Одделот за документација можеше да биде релативно поедноставно, но тој имаше само мошне нејасна претстава за приближното место во зградата во кое се наоѓаше Одделот за проза, а немаше никаква причина за да отиде таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе