релјефно (прил.)
Интимно соголување на својата потсвест, нежност и копнеж истовремено, релјефно сликање, лирично дишење, проткаено со длабоко колоритно животно искуство кое на поетската традиција додава украс кој ја збогатува плејадата опејувачи на современото живеење.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Белите букви на натписот релјефно му се вдлабени во мозокот и тој секогаш ги гледа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)