рентабилност (ж.)
Исклучително високата рентабилност на емисијата на вредносните хартии, како една од главните операции на финансискиот капитал, игра вонредно важна улога во развитокот на зацврстувањето на финансиската олигархија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Двесте илјади километри нови железнички пруги во колониите и во другите земји на Азија и Америка, – тоа значи над
40 милијарди мрки ново инвестирање на капитал под особено поволни услови, со особени гаранции на рентабилност, со доходни порачки за челичаните итн. итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
А кога таа операција израснува до џиновски размери, тогаш се покажува дека грст монополисти ги потчинува под себе трговските и индустриските операции на целото капиталистичко општество, добивајќи можност – преку врските на банките, преку текуштите сметки и другите финансиски операции – отпрвин точно да се
известува за состојбата на работите кај поодделни капиталисти, потоа да ги контролира, да влијае врз нив по пат на проширување или стеснување, олеснување или отежнување на кредитите, и на крај наполно да ја определува нивната судбина, да ја определува нивната рентабилност, да ги лишува од капиталот или да им овозможува брзо и во огромни размери да го зголемуваат својот капитал итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)